ВАНГЕЛ БОЖИНОВСКИ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА “13-ти НОЕМВРИ”

JУГОХРОМ КОНЕЧНО ЗАТВОРЕН
ноември 3, 2016
11 БИЛБОРДИ НА ОРЦЕ НИКОЛОВ, 6 НА ЛЕНИНОВА
ноември 3, 2016

ВАНГЕЛ БОЖИНОВСКИ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА “13-ти НОЕМВРИ”

Еден од главните автори на проектот СК2014, архитектот на неколку објекти, но и член на изборните комисии за зградите и делата на другите автори, ќе се закити со престижното општествено одликување на Град Скопје заради својот придонес во архитектурата. Во кусото образложение е наведено дека е награден „за долгогодишни истражувања, популаризирање и развој на град Скопје и за архитектонски креирања на повеќе значајни објекти“.

majka_tereza

Божиновски е автор на спомен-куќата на Мајка Тереза (често критикувана за нејзиниот кич изглед и нефункционалност, но и заради нагрдувањето на просторот околу домот на АРМ), како и на реновирањето на собраниската зграда со куполи. Тој е еден од ретките автори кои се одважија да го бранат проектот СК2014 во јавност и беше чест гостин на дебатите додека проектот се градеше.
bozinovski_1000x600