Град за сите: Модерна за деца – трет викенд

Град за сите: Модерна за деца – втор викенд
април 15, 2019

Град за сите: Модерна за деца – трет викенд

Заврши третиот и последен младински креативен викенд од проектот Град за сите: Модерна за деца 2. Како и претходните креативни викенди и овој започна со едукативна прошетка низ зграда која е репрезентативен пример на модерната во Скопје. Овојпат за едукативната тура беше одбрана зградата во која се сместени Архитектонскиот и Градежниот факултет при Универзитетот св. Кирил и Методиј – Скопје. Децата во неа ги посетија предавалните, амфитеатрите, долгите ходници и ателјето. Притоа имаа можност да согледаат како динамично распоредениот простор во зградата им служи на непосредните потреби на научните работници, студентите и др. Турата низ објектот со свои објаснувања ја водеше Никола Ѓорѓиевски магистер по архитектура.

По завршувањето на едукативната тура, младите креативци беа однесени во ателјето на Архитектонскиот факултет, каде што беа предизвикани да цртаат модели од фигури, со цел да ги развијат своите таленти за креативно цртање. Тој предизвик тие го завршија многу успешно.

Може слободно да се каже дека и овој викенд заврши целосно успешно. Во него беше особено забележливо тоа што младите креативци имаа многу позрели разбирања за архитектурата и просторот и според тоа може да се каже дека самиот проект извршил и врши позитивно влијание врз овие млади луѓе. Од проектот Град за сите: Модерна за деца 2, останува да се направи уште една публикација.