Збор за новата метропола во дигиталната доба (ВТОР ДЕЛ)

Македонското издание на „Commons во Југоисточна Европа“ во Книжарница Или Или
февруари 22, 2019
Институционална негрижа и приватен напад врз јавните површини од крајбрежјето на Охридското езеро.
март 15, 2019

Збор за новата метропола во дигиталната доба (ВТОР ДЕЛ)

Продолжение од интервјуто со Никола Ѓорѓиевски (26), магистер по архитектура, кој заедно со професорот на Архитектонскиот факултет при УКИМ, Слободан Велевски, е ко-автор на архитектонско-урбанистичкото истражувачко дело Обрасци на раст- неприродни екологии посветено на пејзажот како ново, алтернативно движење во архитектурата. Ѓорѓиевски зборува за неизбежната дискрепанца помеѓу крутиот традиционален урбанизам и метаболизмот во архитектурата, односно неометаболизмот во нашиот град, како и за процесот на надминување на традиционалните навики и отфрлањето на архитектонските стеги кои датираат дури и пред периодот на Модерната.

Интегративно студио Тема: ОБРАСЦИ НА РАСТ: Неприродни екологии Локација: Североисточен раб на Скопје Педагошки тим: Слободан Велевски, Марија Мано Велевска, Никола Горѓиевски

 

Обрасци на раст: неприродни екологии е истражувањето чиј што примарен фокус метаболизмот на архитектурата и пејзажната форма како ново движење. Како би ја опишал пејзажната форма?

Во време на драстични климатски и еколошки промени, од исклучително значење е да ги предизвикаме и преиспитаме традиционалните практики гледајќи дека се повеќе не функционираат во полн погон. Можеби не станува збор за изнаоѓање на подобри решенија туку адаптација и истражување на состојби досега непознати, спротивно од идеологијата на традиционалниот енвиронментализам, урбанизам и градоградење. Пејзажот, односно пејзажната фрома отвора нов инвентар на алатки кои можат да ги генерираат новите методи на проектирање на градот и околината. Пејсажната форма не е крута, таа е дифузина и склона на брзи и лесни промени.

Како би ги дефинирал метаболизмот во архитектурата и неговите есенцијални карактеристики?

Во моето последно истражување, во форма на академска вежба и експеримент, беше тестирана идеологијата на метаболизмот во архитектурата; поствоено архитектонско движење кое го
замислуваше градот како жив организам кој бесконечко ќе може да се шири, намалува и регенерира. Метаболизмот во архитектурата претставува и последното архитектонско движење во историјата на архитектурата. Овој правец, иако генерираше идеи за нов урбанизам, нов град и архитектура, доживеа свој неуспех поради крутоста на фигуративниот код на архитектурата. Па така, во мојот експеримент, идеологијата и принципите на метаболизмот беа задржани, меѓутоа главниот медиум на функција, архитектурата, беше заменет со пејзажот, односно пејзажната форма. Од архитектонска крута мегаструктура, кон дифузна и ефемерална пејсажна мегаформа. И повторно, како што беше и првиот метаболизам тестиран во Скопје, така и овој обид за неометаблизам се протега низ територијата на скопската котлина.

 

Каде беше спроведено истражувањето и кои беа студентите и менторите кои учествуваа во креирање на истото?

Ова архитектонско-урбанистичко истражување беше спроведено на два факултета, школото за архитектура во Осло и архитектонски факултет во Скопје, каде селектирана група на студенти
од деветтиот семестар учествуваше во разработка на проекти во склоп на интегративното студио: Обрасци на раст: Неприродни екологии.  Ова студио финишираше со две изложби во Осло и Скопје, и со студио книга, објавена Мај 2018.  Би сакал да се заблагодарам на двата института по урбанизам за целосната поддшка во овој проект, на мојот ментор Луис Каљехс (студио LCLA), Маријане Шулхауг раководител на институот во Осло, на моите професори од Скопје, Слободан Велевски и Марија Мано Велевска, но најмногу на студентите на интегративното студио без чија помош ова истражување немаше да доживее своја материјализација.

Во денешно време потребо е да се замисли аркитектура која нема да фокусира на создавање дефинитивни и конечни проекти, типични на класичната модерна, туку недовршени субсистеми типични на новата модерна на XXI век.