ИНВЕСТИТОРИТЕ САМИ ЈА УРНАА ДИВОГРАДБАТА НА ПЛОШТАД

ПОПИС НА ДРВОРЕДИ ВО ДЕБАР МААЛО
ноември 3, 2016
JУГОХРОМ КОНЕЧНО ЗАТВОРЕН
ноември 3, 2016

ИНВЕСТИТОРИТЕ САМИ ЈА УРНАА ДИВОГРАДБАТА НА ПЛОШТАД

Откако Општина Центар најми изведувач на рушечките работи и најави дека ќе ги сруши недозволените два ката на зградата во близина на Плоштад Македонија, семејството Панчевски побрза да ги претрка властите и започна со рушење. Иако одлуката на општината е обжалена и утужена од инвеститорот, сепак рушењето може да се сфати како признавање на вината за непочитување на урбанистичките планови.

divogradba_plostad_1000x600

Еден од инвеститорите на објектот е претседателот на скопскиот суд кој во минатиот период се најде во вртлог од скандали поврзани со неговата работа и личен имот. Во јавна преписка со Градоначалникот Жерновски, тој обвини за политички притисоци од општината со намера да се влијае врз неговите одлуки како претседател на судот. Панчевски сепак не објасни како смеел да гради без дозвола на ДУП-от за Мал Ринг и општината.
pancevski_1000x600