Кич Тура низ Скопје 2014

14581572_1228757600478342_4888725834634058167_n
ФЕСТИВАЛОТ АКТО ВО ШТИП
октомври 18, 2016
0-02-05-1c8682646958adc0145cc3608822291c73b55fcd9802e6673d4bb04a48c5558a_full
ЧИТАМЕ ДУП-ови ВО ШТИП
октомври 31, 2016

Кич Тура низ Скопје 2014

skopje-2014

Гигантски модерен лед монитор прикажува владини реклами за трето дете, а е сместен врз „барокна“ фасада. Во близина има црква, сега опколена со бронзени фигури прикачени на врв од бели изгравирани столбови. Насекаде распространета мешавина од објекти и стилови кои не кореспондираат меѓусебно, најмалку со просторот. Се гледаат повеќе споменици од луѓе. Погледот впива мост со милионска ограда со надвиснати ангели, пиратски угостителски брод кој во менито нуди свинска коленица „Филип Втори“ или телешки мускул „Букефал“, а во далечина ечи класично дело на Вагнер.

14508679_10210512991843355_188149505_n

Ова се само дел од содржините на проектот „Скопје 2014“. Тој од првично најавените 80 досега стигна над 640 милиони евра, а од најавените 40-ина споменици дојде до бројка од над 130. Сите сводови, столбови и стотиците статуи даваат „храна“ за сетилата. Ви даваат доза апсурд, хумор, чудење и очобол манифестиран преку историско-политичко-социјални фрустрации и белези. Со сето ова, дел од светските медиуми веќе го окарактеризираа Скопје како „градот на кичот“.

Оттука тргна и идејата за „Кич тура низ Скопје 2014“, која беше организирана од невладината „Плоштад Слобода“, а во соработка со „Поп Ап Акто Фестивал“.

Репортажа од настанот на Радио Моф