Мала вечерна школа: Одраст/Degrowth

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦАТА „МОДЕРНА ЗА ДЕЦА“
април 12, 2018
Јавниот долг: трулиот столб на нашата куќа
април 17, 2018

Мала вечерна школа: Одраст/Degrowth

17.04.2018

 

Мала вечерна школа: Одраст/Degrowth

Во склоп на волонтерската серија на настани “Мала вечерна школа”, на 16-ти април, 2018-та година во Националната универзитетска библиотека (НУБ) се одржа презентацијата “Одраст/Degrowth”, посветена на критиката на растот низ призмата на оддалечување од самиот економски раст како општествена цел, инсистирајќи на апсолутна демонополизација на јавниот дискурс од економските идиоми. За време на презентацијата која се одвиваше на англиски јазик, присутните подобро се запознаа со оваа теорија и со можностите истата да се аплицира на локално и регионално ниво. Дискусијата беше предводена од страна на Ајда Пистотник, проектна менаџерка во колективот Ена Банда, истражувачка и активистика која работи на културни активности, филмска продукција и јавни политики. Како критичар на постмодерните концепти и поборник на алтернативната мисла, Ајда веќе некое време ја следи дебатата за degrowth и иницијативите кои произлегуваат и е авторка на неколку текстови кои се обидуваат да и’ го доближат концептот на пошироката јавност.  Моментално, Ајда уредува специјално издание на академското списание ČKZ – Časopis za kritiko znanosti, domišljijo in novo antropologijo, посветено на концептот во Словенија преведен како „одраст“.