На 2 октомври Индија забранува одредени пластични продукти за една употреба

Последиците од штетното управување со депонијата Дрисла
септември 3, 2019
Модерна за деца 2
септември 30, 2019

На 2 октомври Индија забранува одредени пластични продукти за една употреба

Како дел од планот за целосна елиминација на производството на пластични продукти за една употреба до 2022 година, Индија на 2 октомври ќе забрани одредени пластични продукти за секојдневна употреба (пластични кеси, чаши, прибор за јадење и тн.).  Забраната ќе ги опфати производството, употребата и увозот на овие продукти.

Индија е еден најголемите произведувачи пластичен отпад во светот. Ова се согледува во тоа што само во еден ден таа произведува 26,000 метрични тони пластичен отпад, од кој голем дел неконтролирано се исфрла во природата. Огромниот пластичен отпад на Индија е резултат од досегашното отсуство на стратегија за справување со последиците од големата конзумација на пластика во државата.
Денес, за разлика од минатото, државата има за цел целосно да се ослободи од производството на пластичен отпад и во таа насока планира етапно да забранува различни видови на пластични производи. Со првата етапа на забраната, која започнува од 2 октомври Индија ќе ја намали од 5% до 10% севкупната годишна употреба на пластика која изнесува 14 милиони тони, а со тоа значително ќе го намали обемот на пластичниот отпад во наредните години.

Покрај тоа што ова е мало и парцијално решение за еколошката криза на глобално ниво, сепак забраната е значаен преседан за државите со големи економии како што е Индија.

Глобално, во политиките за ослободување од пластичен отпад предводи Европската унија, која до 2021 планира целосно да го забрани производството на едноупотреблива пластика. На тоа поле не изостанува и Кина која планира да се ослободи од едноупотребливата пластика до крајот на 2025 година.

С.В.