ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦАТА „МОДЕРНА ЗА ДЕЦА“

СТОП ЗА РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА!
декември 5, 2017
Мала вечерна школа: Одраст/Degrowth
април 17, 2018

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦАТА „МОДЕРНА ЗА ДЕЦА“

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦАТА „МОДЕРНА ЗА ДЕЦА“

-за деца на возраст помеѓу 8 и 12 години
-по три часа на 28 и 29 април и на 5 и 6 мај 2018 год.
-специјални прошетки и посети на различни локации низ Скопје (НУБ, ГТЦ; МСУ и други)
-под раководство на Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет и Доротеј Нешовски, македонски визуелен уметник етаблиран во соработка со деца на различни возрасти
-креативна работа, неформална едукација и публикување на издание кое ќе биде каталогизирано и достапно во НУБ Св. Климент Охридски

рок за пријавување: 25.04.2018год. до 16ч.
нејаснотии и пријавување на: plostad.sloboda.skopje@gmail.com
071 464 967 или 077702379

Со посетите и премислувањето на простори/згради кои претставуваат белег на модерната архитектура поради тоа што нивната фундаментална значајност е се’ уште ненадмината, се обидуваме да подготвиме генерации кои не можат да бидат одушевени и излажани со блескави канделабри и мермерни споменици. Со будење на детската креативност и поттикнување на детската критичка мисла, тие ќе учат како да соработуваат едни со други, да се изразат креативно, да ги анализираат и интерпретираат боите и емоциите кои произлегуваат од архитектурата на просторот во кој живеат и преку континуирано набљудување на околината визуелно да се изразат.

Учеството во предвидените работилници може да им помогне на децата-учесници да ги подобрат своите уметнички вештини, да споделат меѓусебно знаење и да стекнат афирмација на индивидуалното и групното уметничко изразување и творештво на децата, односно да стекнат доверба во себе и во своето лично творештво. Со учество во овој проект, децата вклучени во истиот ќе ја разберат важноста на посветеноста. Тие ќе можат да вложат и когнитивен напор и преку својата креативност, ќе се посветат на создавање на нивен коментар, премислување и разбирање на модерното архитектонско наследство на Скопје.