Почнува меѓународната конференција „Fearless cities“ во Белград

Град за сите: Модерна за деца – трет викенд
април 22, 2019
Словенија преку Уставот го заштити правото на питка вода како едно од основните човекови права
јуни 8, 2019

Почнува меѓународната конференција „Fearless cities“ во Белград

Денес во Белград се оддржува меѓународната конференција „Бунтовни градови“ (Побуњени градови) посветена на политичките движења од Србија, регионот и Европа. Домаќин на конференцијата, на која учествуваат организации од над 60 градови, е иницијативата Не давимо Београд. Овие организации доаѓаат од посебни области на политичкиот отпор и претставуваат локални  иницијативи за заштита на јавните добра, социјална сигурност, достапно сместување, достапност на комунални услуги, еколошка правда, децентрализација во управувањето и тн. Една од главните цели на конференцијата е вмрежување на искуствата на поединечните борби на иницијативите со цел подигање на квалитетот на политичката борба која тие ја водат. Покрај тоа оваа конференција е значајна и поради интернационалното озвучување на локалните иницијативи, стратегии и методи на политичка активност кои организациите ги користат со цел универзално евалуирање на активностите кои секоја од нив ги води поединечно.

На оваа конференција, искуствата од Македонија, односно Скопје ги пренесува Плоштад слобода, како организација која долго време работи на полето на заштита на јавните добра, заедничките простори, достапност на општинските услуги, еколошка правда и децентрализација во управувањето. Како претставник на Плоштад слобода пак на конференцијата ќе говори Ивана Драгшиќ, која е дипломиран социолог и како догогодишен активист генерално се занимавала со прашањето на commons-сите во нашето општество, а како дел од Плоштад слобода била инволвирана и направила низа на истражувања, проекти, публикации за градското планирање, заштита на јавните добра, достапноста на општинските услуги и тн.

Распоредот на конференцијата може да го видите овде.
Списокот на говорници можете да го видете овде.