Промоција на работната тетратка „Модерна за деца“

Јавниот долг: трулиот столб на нашата куќа
април 17, 2018
Јавните институции се должни да ги отворат своите дворови за граѓаните и граѓанките
октомври 3, 2018

Промоција на работната тетратка „Модерна за деца“

Зошто архитектура и урбанизам се учат дури во високо образование, нешто помалку во средното? Зошто децата од мали не се сензитивизираат за овој важен аспект од човековото живеење, а се изоставуваат и од планерските процеси? Зарем тие не ги користат просторите, зградите, градовите? Зарем тие не знаат да ценат квалитетно испланиран јавен простор? Зарем тие не знаат да дадат најискрена критика на сомнителни згради?

Негувањето на оваа култура помеѓу најмладите ќе воспостави подобра врска помеѓу Градот и своите граѓани, ќе обезбеди грижа и препознавање на заедничкото архитектонско наследство и ќе изгради граѓанки подготвени да го разбираат и менуваат Градот по мерка на човекот, а не бизнисот или државата.

 

Нема причина децата од најмали да не бидат изложени на теориите на архитектурата, различните школи и пристапи, филозофии и трендови. Ние во Плоштад Слобода решивме да го направиме првиот чекор преку повторување и утврдување на лекциите за модернистичкото архитектонско наследство на Скопје, токму сега изложени во Њујоршката МоМа, или Музејот на модерни уметности.

На промоцијата ќе се пофалиме со публикацијата во форма на работна тетратка за деца од основни школи, а ќе погледнеме и материјали кои во текот на работилниците ги создаваа нашите партнери – 20тината деца со кои го спроведовме овој проект во април и мај 2018год.