РАБОТИЛНИЦА ЗА ЧИТАЊЕ ДУП-ОВИ ВО СКОПЈЕ

14581572_1228757600478342_4888725834634058167_n
ФЕСТИВАЛОТ АКТО ВО ШТИП
октомври 18, 2016

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЧИТАЊЕ ДУП-ОВИ ВО СКОПЈЕ

slika-primer

11.10.2016

Првата работилница за читање Детални урбанистички планови се одржа во свечената сала на Железничката зграда во Буњаковец. По прв пат ги тестиравме прирачниците и методот на едукација. Наместо три, работилницата траеше 4ипол часа, зашто учесниците постојано наоѓаа дополнителни работи што ги интересираат. Учесниците беа од локалната заедница во која се одржа работилницата, но и од други краеви на Скопје – сите видно вознемирени за работите што се случуваат во нивните маала и неодговорноста со која с еносат одлуки со трајно влијание на нашиот град.
Овие луѓе беа дојдени затоа што веруваат дека со стекнување на повеќе знаење, вештини и информации – полесно ќе можат да се вклучат, како граѓани ќе си го бараат местото во процесите на планирање бидејќи сакаме овој град да биде Град за сите, а не само за приватните инвеститори и националните институции.