Статут

 

С Т А Т У Т

на Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА

СКОПЈЕ, 16.06.2017 година

 

 

 

 

 

Врз основа на член 16 и 18 од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на Република Македонија, бр. 52 од 16. 04. 2010 година), Собранието на Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА, на седницата одржана на 16.06.2017 година, донесе

 

С Т А Т У Т

 

На здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА

ОПШТИ ОДРЕДБИ

член 1

ПЛОШТАД СЛОБОДА е здружение формирано со слободно здружување на граѓаните и на други правни и физички, домашни и странски лица во согласност со закон, заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на интересите и уверувањата, како и заради вршење на дејности и активности за унапредување на културата, културната политика, и урбаните политики во Република Македонија.

 

член 2

Лицата се здружуваат во ПЛОШТАД СЛОБОДА заради остварување на сопствениот и општествениот интерес, промовирајќи ги принципите на децентрализација, демонополизација и демократизација, во подрачјето на културата и урбаните политики.

 

член 3

Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со овој Статут, Законите, Уставот на Република Македонија и ратификуваните меѓународни договори.

 

член 4

Називот на здружението е Здружение ПЛОШТАД СЛОБОДА (Во натамошниот текст ПЛОШТАД СЛОБОДА).

 

член 5

Седиштето на Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА е во Скопје на ул. 20 Октомври 7/11, 1000, Скопје, Македонија.

Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА се организира и делува на подрачјето на Република Македонија.

 

член 6

Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА е правно лице.

Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА има свој печат и штембил.

Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението: Здружение ПЛОШТАД СЛОБОДА, а во средината се наоѓа амблемот на ПЛОШТАД СЛОБОДА.

Штембилот на ПЛОШТАД СЛОБОДА е правоаголен со следниот текст: Здружение ПЛОШТАД СЛОБОДА број, датум и место.

 

 

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО И

НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОСТВАРУВАЊЕ

 

член 7

Граѓаните  се здружени во ПЛОШТАД СЛОБОДА заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели, задачи и дејности се:

  • спроведување иницијативи и активности за учество во градење на јавното мислење за локални политички прашања;
  • поведување иницијативи за граѓанско учество во креирањето на јавните политики, политиките од областа на културата и урбаните политики во Република Македонија, како и во процесите на носење одлуки;
  • одржување на дебатата за јавниот простор актуелна во етерот преку мултидисциплинарни истражувачки и уметнички активности и издавање релевантни истражувачки изданија за нејзино промовирање;
  • културна и антрополошка критика на планирањето и организирањето на урбаниот простор;
  • поврзување со регионални и интернационални партнери со кои се овозможува поголемо меѓусебно влијание со регионалните и интернационални контексти;
  • постојано ажурирање на знаењето (теориско и друго) за новите и старите урбани културни политики, политички процеси и модели;
  • промовирање и искажување на своите ставови и мислења за прашања од интерес на организацијата, а поврзани со културата и урбаните политики во Република Македонија.

 

 

Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА своите цели ќе ги остварува со организирање на разновидни културни манифестации, трибини, конференции, тркалезни маси, тренинг работилници, јавни расправи, културни центри; истражувања, предавањаи печатени и електронски изданија. Заради остварување на наведените цели и задачи ПЛОШДАД СЛОБОДА ги остварува следните дејности согласно националната класификација на дејности:

  • 99 трговија на мало вон продавници, тезги и пазари;
  • 29 останати услуги за подготвување и служење на храна;
  • 11 издавање на книги;
  • 12 издавање на именици и списоци на адреси;
  • 13 издавање на весници
  • 14 издавње на списанија и периодични публикации;
  • 14 прикажување на филмови;
  • 20 снимање на звучни записи и издавање на музички записи;
  • 20 издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижени имот земен под закуп (лизинг);
  • 20 истражување на пазарот и истражување на јавното мислење;
  • 10 специјализирани дизајнерски дејности;
  • 20 фотографски дејности;
  • 01 издавачка уметност;
  • 02 помошни дејности во издавачката уметност;
  • 03 уметничко творештво;
  • 04 дејности на објектите за културни манифестации;
  • 01 дејности на библиотеките и архивите;
  • 02 дејности на музеите;
  • 03 заштита на историски места и градби, како и слични знаменитости за посетители;
  • 99 дејности на организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место.

 

 

ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО

член 8

Член во Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА, може да биде секое домашно или странско, физичко или правно лице чија пристапница ќе биде прифатена од Управниот одбор на Здружението во постапка и услови утврдени со Деловникот на Управниот одбор.

 

Во организацијата може да членуваат лица кои навршиле 16 години живот, во постапка за зачленување утврдена со претходниот став.

 

Зачленувањето во Здружението, откако ќе се добие доброволна пристапна изјава, се врши со одлука на Управниот одбор на Здружението, по што на новиот член му се издава членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во Здружението, задолжително се враќа.

 

Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА за своите членови води регистер на членството, кој се ажурира еднаш на четири години, при што Здружението ја гарантира анонимноста на податоците на лицата кои тоа го побарале.

 

член 9

Членот има право директно или пеку свој претставник да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението и да придонесува во развојот и популарноста на Здружението и да врши увид во работењето на органите на Здружението.

 

Секој член може доброволно да истапи од здружението.

 

член 10

Исклучувањето од членство во здружението се остварува во случај кога:

–           Членот не го почитува Статутот на здружението, и

–           Членот делува спротивно на  целите на здружението дефинирани согласно член 7 од овој статут.

 

Утврдувањето на случаите од ставот 1 на овој член го врши Управниот одбор на здружението во постапка утврдена со Деловникот на Управниот одбор.

 

 

 

 

член 11

Обврски на членовите во Здружението се:

–           да земаат конкретно учество во спроведување на Програмата на активностите на Здружението;

и

–           да присуствуваат на состаноците.

 

 

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

член 12

Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА го претставува и застапува Претседателот на Управниот одбор на Здружението кој е истовремено и претседател на Здружението.

 

ОСТВАРУВАЊЕ НА ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

член 13

Работата на Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА е јавна.

 

Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на членовите за работењето и активностите на Здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за програмското и материјално-финансиското работење работа на органите и телата на Здружението до Собранието на Здружението, преку објавување на годишниот извештај за работа на Здружението на веб страницата на Здружението  и на друг соодветен начин.

 

За информирањето на членовите и пошироката јавност се користи вебсајтот, електронската пошта, печатот, радиото, телевизијата како и други медиуми основани од ПЛОШТАД СЛОБОДА за подобро информирање на своите членови.

 

ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ПЛОШТАД СЛОБОДА

член 14

Здружението остварува средства од: доброволни прилози, донации, подароци (во пари, добра, имотни права), дејности со кои се стекнува добивка, кирии и закупнини, приходи од инвестиции, дивиденди, камати, заеми, како и преку средства добиени од Буџетот на Република Македонија, буџетите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во согласност со закон, како и преку други приходи во согласност со закон и со статутот.

 

 

член 15

Користењето и располагањето со средствата на Здружението добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и со закон.

 

 

член 16

Финансиските средства на организациите се употребуваат за остварување на целите на организацијата определени со статутот и програмата.

Членовите на органите на организациите и нивните застапници по закон се должни да управуваат и работат со внимание и во согласност со начелата на добро управување, во интерес на организацијата, а над личните интереси, односно во интерес на остварување на целите, во согласност со закон и статутот.

 

УПРАВУВАЊЕ СО ЗДРУЖЕНИЕТО ПЛОШТАД СЛОБОДА

член 17

Со Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА управува организирано членство на Здружението непосредно и преку свои претставници во Управниот одбор или во Собранието.

 

Права и должности на претставникот се:

  • да предлага решавање на прашања од заеднички интерес;
  • да работи на развивање и унапредување на општествените и другите активности кои произлегуваат од Статутот, програмските цели и задачи и од усвоените одлуки и заклучоци;
  • да ги спроведува во целост одредбите од Статутот и програмските активности;
  • да ги застапува интересите и ставовите на Здружението, и
  • да бара стручна и друга помош од областа на културата и урбаните политки.

 

 

ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ПЛОШТАД СЛОБОДА

член 18

Органи на Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА се:

  1. Собрание и
  2. Управниот одбор.

 

 

член 19

Собранието на Здружението го сочинуваат сите членови  на Здружението. Правните лица во рамките на Собранието ги претставува еден претставник назначен од страна на правното лице кое членува во здружението.

Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.

 

 

член 20

Седница на Собрание се свикува еднаш на две години по предлог на Претседателот на Здружението.

Седница на Собранието се свикува и по предлог на Управниот одбор на Здружението или на 1/3 од вкупниот број членови на Собранието.

Ако Претседателот на Здружението во рок од 30 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Управниот одбор или иницијаторите.

 

 

член 21

Собранието на Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА од редовите на своите претставници избира Управен одбор, на редовни и вонредни собранија.

 

член 22

Собранието полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови.

Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови.

Во надлежност на Собранието е следното:

  • го донесува Статутот на Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА и врши измени и дополнувања на истиот;
  • формира органи и тела за работа на Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА избира и разрешува членови на Управниот одбор (и на други работни тела кои Здружението смета дека треба да формира);
  • усвојува програмска ориентација за работа на Здружението за период од 4 години, операционализирано во годишните програми;
  • го разгледува и усвојува годишниот извештај за работа на Управниот одбор;
  • ја следи материјално-финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;
  • усвојува завршна сметка на Здружението;
  • доставувафинансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно до органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа;
  • расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението;
  • донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението;
  • решава за формирање на ограноци на Здружението;
  • одлучува за статусни промени, односно одлучува за присоединување, спојување и поделба на организацијата
  • одлучува за престанок на Здружението со двотретинско мнозинство;
  • решава за здружување или истапување во сојуз или други форми на здружување, како и зачленување или истапување во домашни и меќународни ораганизации;
  • и врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите.

 

 

член 23

Управниот одбор на Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА брои 5 члена. Управниот одбор може да има најмногу два члена претставници на правни лица кои се членови на Здружението.

Во Управниот одбор може да членува најмногу еден надворешен член.

Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 2 години.

Управниот одбор од своите редови избира Претседател со мандат од 2 години.

Членовите на Управниот одбор кои ќе бидат избрани во текот на траењето на мандатот на останатите членови на Управниот одбор, својот мандат го завршуваат во исто време со останатите членови на Управниот одбор.

 

член 24

Управниот одбор полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови.

Управниот одбор ги донесува одлуките со мнозинство гласови од вкупниот број членови.

Во надлежност на Управниот одбор е следното:

– ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА, како и одлуките и заклучоците на Собранието;

– подготвува и реализира годишна програма за работа;

– предлага измени и дополнување на Статутот;

– предлага статусни промени, односно предлага присоединување, спојување и поделба на Здружението;

– донесува Деловник за работа на Управниот одбор, соодветни правилници, прифаќа спогодби и одлучува за склучување договори;

– свикува седници на Собранието и припрема материјали;

– именува и разрешува Секретар на Здружението;

– донесува одлуки за формирање на постојани и повремени комисии, и ја насочува нивната работа;

– донесува одлуки за набавка и оттуѓување на основните средства;

– дава согласност на Правилникот за организацијата на работите и работните задачи на стручната служба на Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА;

– донесува одлуки по приговори и жалби, и

– врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од Законот.

 

член 25

Управниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на Здружението.

Управниот одбор се состанува и одржува седници по потреба, а согласно деловникот за работа на Управниот одбор.

По исклучок, а на предлог на Претседателот, членовите на Управниот обор или Секретарот на Здружението, Управниот одбор може да одлучува за прашањата од своја надлежност и без да одржи седница, односно да олучува без присуство по пат на електронска пошта или телефонска конференција.

Седницата на Управниот одбор ја свикува Претседателот.

Предлог за свикување на Управниот одбор може да поднесе една половина од Управниот одбор, една третина од претставниците во Собранието и Секретарот на Здружението.

Со седницата раководи и претседава Претседателот, а во негово отсуство член кој ќе го избере Управниот одбор.

 

 

СТРУЧНА СЛУЖБА НА ЗДРУЖЕНИЕТО ПЛОШТАД СЛОБОДА

член 26

За извршување на проектни, координативни, административно-стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на Здружението, се формира Стручна служба.

член 27

Правата и обврските и одговорностите за работа на лицата во Стручната служба ги утврдува Секретарот на Здружението во согласност со закон и со овој Статут.

 

 

член 28

Со Стручната служба на Здружението раководи Секретар на Здружението.

Секретарот го именува и разрешува Управниот одбор согласно условите кои се утврдени со посебна одлука.

Секретарот ги извршува своите надлежности во рамките на Стручната служба на Здружението, а за извршувањето на својата работа одговорен е пред Управниот одбор.

 

член 29

Права, обврски и надлежности на Секретарот:

– Секретарот на стручната служба раководи со работата на стручната служба,

– Секретарот ги извршува сите права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и другите закони;

;

– Секретарот е одговорен за извршувањето на Програмата за работа;

– Се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Управниот одбор, и

– Се грижи за правилната примена на Законските прописи од областа на дејностите што ги врши Здружението.

 

 

ПРЕСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО ПЛОШТАД СЛОБОДА

член 30

Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА ќе престане со работа ако:

–           за тоа одлучат членовите на Здружението;

–           бројот на членовите се намали под бројот определен за основање;

–           настапат причини утврдени во член 63 од Законот, и

–           Собранието со двотретинско мнозинство донесе одлука за престанок на Здружението.

 

член 31

По престанокот на работата на Здружението средствата што остануваат по намирување на обврските, преминуваат во сопственост на  членовите на здружението.

 

 

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

член 32

Право на толкување на одредбите на овој Статут има Собранието на Здружението, а помеѓу две Собранија, Управниот одбор на Здружението.

 

 

член 33

Измени и дополнувања на овој Статут се вршат по иста постапка како и за негово донесување.

 

член 34

Овој Статут влегува во сила со денот на донесувањето.

 

 

 

Претседател на Управниот одбор

на Здружението ПЛОШТАД СЛОБОДА