JУГОХРОМ КОНЕЧНО ЗАТВОРЕН

ИНВЕСТИТОРИТЕ САМИ ЈА УРНАА ДИВОГРАДБАТА НА ПЛОШТАД
ноември 3, 2016
ВАНГЕЛ БОЖИНОВСКИ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА “13-ти НОЕМВРИ”
ноември 3, 2016

JУГОХРОМ КОНЕЧНО ЗАТВОРЕН

Еден од најголемите загадувачи, но и вработувачи во Македонија – комбинатот Југохром од вчера е затворен заради непоставени филтри за спречување на загадувањето. Овој потег на властите доаѓа како резултат на долгогодишни барања на зелените организации за решение на проблемот со загадувањето во Тетово.

jugohrom2_1000x600
Славко Стојчевски, технички директор на Југохром изјави: „Ја испочитувавме одлуката на Државниот инспекторат за животна средина. Иако ние имавме рок од 24 месеци за поставување на филтрите, изгубивме година и пол во добивање градежни дозволи и затоа не можевме работата да ја завршиме на време. Дадовме и барање до Владата за уште едно пролонгирање на рокот за поставување на филтрите од 18 месеци, но се уште немаме одговор. Со гаснењето на печките и работниците ќе бидат пуштени дома“.

jugohrom1_1000x600

За потсетување, Тетово минатата зима беше најзагадениот град во Европа, надминувајќи ги нивоата на ПМ10 на вториот најзагаден град – Скопје. Иако и во Тетово, како и во Скопје, сомнежот паѓаше на најголемите индустриски капацитети, сепак во главниот град загадувањето не се намали со затворањето на железарницата. Прашање е дали затворениот Југохром ќе придонесе за почист воздух во Тетово и околината, сега кога низ очаците нема да поминува чадот на тешката индустрија.