ЧИТАМЕ ДУП-ови ВО ШТИП

skopje-2014
Кич Тура низ Скопје 2014
октомври 27, 2016
sto_da_se_pravi
ШТО ДА СЕ ПРАВИ СО СК2014?
октомври 31, 2016

ЧИТАМЕ ДУП-ови ВО ШТИП

0-02-05-1c8682646958adc0145cc3608822291c73b55fcd9802e6673d4bb04a48c5558a_full

15.10.2016
Плоштад Слобода одржа работилница со штипските активисти за читање на ДУП-ови во рамки на проектот “Град за Сите”. Во социјалниот центар Текстил се собраа активисти и загрижени граѓани да ги научат основите во урбанизмот и начинот на кој што државата ги регулира тие прашања во градските средини.

Наместо два часа, работилницата траеше три, зашто учесниците постојано наоѓаа дополнителни работи што ги интересираат. Штипјани активно се вклучени во одбрана на паркот 8-ми Ноември и секој аспект на можните спасоносни решенија беше дискутиран со стручните лица присутни на работилницата.
viber-image
Пред учесниците беше поставен пример на ДУП на градска четврт во Штип, дискутирани беа механизмите за носење на ДУП-ови, нивниот опфат, начините за нивно менување и начините за нивно читање и толкување. Со стекнување на повеќе знаење, вештини и информации – во иднина граѓаните полесно ќе можат да се вклучат во носењето на општинските одлуки, ќе си го бараат местото во процесите на планирање бидејќи сакаат Штип да град да биде Град за сите, а не само за приватните инвеститори и националните институции.