Јавните институции се должни да ги отворат своите дворови за граѓаните и граѓанките

Промоција на работната тетратка „Модерна за деца“
октомври 3, 2018
Збор за новата метропола во дигиталната доба (ПРВ ДЕЛ)
ноември 2, 2018

Јавните институции се должни да ги отворат своите дворови за граѓаните и граѓанките

Плоштад Слобода ја поздравува иницијативата помеѓу Град Скопје и Архитектонскиот факултет за отворање на паркот на факултетот за граѓанките и граѓаните на Скопје.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=10243&mid=482&tabId=1

Се надеваме дека таа нема да биде единствената, бидејќи само во Дебар Маало постојат неколку јавни институции со исклучително зелени дворови (практично мали паркови), кои ги користат по неколкумина вработени во текот на денот, да пушат цигара.

Дебар Маало е густо населена резиденцијална населба, преплавена со автомобили и аудио загадување и еманципирањето на зелени површини само може да го подобри нискиот квалитет на живот таму. Впрочем, во заклучоците на нашето истражување од 2015год. – спроведениот попис на дрвја во Карпош 4 и Дебар Маало стои:

До овој заклучок се доаѓа со една обична прошетка низ Дебар Маало, а дополнителните броења и мерења го потврдуваат истото. Во тој контекст, уште еднаш ја поздравуваме соработката помеѓу двете јавни институции, а го повикуваме Министерството за култура да постапи по барањето на Плоштад Слобода од август 2017год., во кое е побарано и таа институција да го отвори својот парк за граѓаните. Ова барање го поддржаа и иницијативите ЛД Солидарност, Во одбрана на Дебар Маало, како и индивидуални граѓани, жители на Дебар Маало.