ШТО ДА СЕ ПРАВИ СО СК2014?

ЧИТАМЕ ДУП-ови ВО ШТИП
октомври 31, 2016
СК2014 НА НАСЛОВНАТА НА ЊУЈОРК ТАЈМС!
октомври 31, 2016

ШТО ДА СЕ ПРАВИ СО СК2014?

13.10.2016
Доколку проектот „Скопје 2014“ остане ваков каков што е, и се изгради она што е планирано и непланирано, како ќе изгледа животот и функционирањето во Скопје? Зошто рушењето на „Скопје 2014“ е (не)прифатливо меѓу архитектите? Како да се заштити, обнови или компензира уништеното/оштетеното архитектонско наследство? Што е со идејата за дислокација на „Скопје 2014“ во друг дел од градот, или, пак негова пренамена? Што би се случувало со проектот по потенцијална правна нормализација на земјата?

Ова беа дел од главните прашања на панел-дискусијата „Што да се прави со Скопје 2014“ на невладината „Плоштад Слобода“. Панелот беше можност да се разговара преку мислењата на доцент доктор Ана Ивановска-Дескова и професорот Мирослав Грчев од Архитектонскиот факултет. Настанот преставуваше и своевидно подигнување нова платформа, која би ја поттикнала експертската, но и целокупната јавност воопшто за понатамошен похрабар процес, на поотворени разговари за иднината на овој проект. Исто така, беше прикажан и краткиот филм „Како Скопје 2014 ги изеде урбаните заеднички добра“, кој е резултат на соработката со германската фондација „Хајнрих Бол“.
screen-shot-2016-10-17-at-10-15-46-am
Ставот на модераторите од „Плоштад Слобода“ е дека „Скопје 2014“ не е развојна слика за главниот град, туку го узурпира процесот на планирање.

Целата дебата можете да ја погледнете овде: