Истражувачки центар

ноември 3, 2016

НОВИТЕ УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ

“Новите улици во Скопје” е теренска анализа на Плоштад Слобода за практиките при реновирање на улиците од страна на О. Центар, Карпош и Град Скопје. Анализирани се просторите за пешаци и велосипедисти, безбедноста, функционалноста и зеленилото пред и по реновирањето на предметните улици.
ноември 3, 2016

НИ СНЕМУВА ДРВЈА

Ова е првиот попис на дрвја спроведен во Македонија на територијата на Мал Ринг во Скопје. Резултатите од овој попис и споредбата со претходната состојба се толку сериозни што беа често цитирани од медиумите и експертите за резултатите на проектот “Скопје 2014” врз животната средина.
ноември 3, 2016

ГРАЃАНСКИ АКТИВАТОР

Овој прирачник служи за да ги охрабри граѓаните да ги побараат и остварат своите права и слободи во општеството. Погледнете ги искуствата на активистите на разни полиња и во различни временски контексти, проучете ги тактитиките на ненасилен отпор и институционална борба во остварување на вашите заложби.
ноември 3, 2016

ПРИРАЧНИК ЗА ПОПИС НА ДРВЈА

Овој прирачник ќе и помогне на вашата иницијатива на брз, квалитетен и ефикасен начин да спроведете попис на зеленилото во вашиот град или маало. Научете за видот на дрвја, техники на броење, собирање на податоци и анализа на дрвјата/зеленилото кое што ве интересира.
ноември 3, 2016

ПРИРАЧНИК ЗА ЧИТАЊЕ ДУПОВИ

Овој прирачник ќе ве упати во чудниот свет на урбанистичките планови. Од регионални просторни планови, па се до генерални и детални урбанистички планови, овој документ ве учи како да ги протолкувате кодовите, линиите и боите со кои што се служат урбанистите. Во него ќе најдете примери на планови, текстуални и […]