Вести и Активности

август 20, 2019

Потребна е стратегија за целосно стопирање на рудниците на смртта

Се навршува скоро еден месец од истекувањето на законскиот рок за поднесување жалба кон решението на Владата за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово, на компанијата „Еуромакс рисорсис“. Компанијата засега нема јавен став по ова прашање […]
август 1, 2019

Препораките на УНЕСКО од перспектива на борбата за зачувување на заедничките добра

Еден од најважните предизвици пред кои деновиве се исправени граѓаните на Р. Северна Македонија е битката за зачувување на природното и културното наследство во охридскиот регион. За жал, и во оваа, како и во повеќето наши битки, ние влегуваме задоцнето, по дојава. Нешто како да нè сопира навремено да му […]
јули 4, 2019

Одбиено барањето за издавање дозвола на рудникот Иловица

Министерството за економија на денешната седница на владата информираше дека се исполнети законските услови за донесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на „Еуромакс рисорсис“. Фирмата „Еуромакс Рисорсис“ има право на жалба […]
јули 1, 2019

Борба за јавните простори во Општина Центар

Едно од најзагрозените права на граѓаните од Општина Центар е правото на јавен простор. Веќе подолго време постоењето, достапноста и пристапот кон зелени површини, плоштади, рекреативни катчиња, нерегулирани заеднички простори и сите останати форми на јавни површини во Општина Центар се прилично ограничени. Кулминацијата на насилството врз јавните површини, а […]
јуни 8, 2019

Словенија преку Уставот го заштити правото на питка вода како едно од основните човекови права

Со 64 гласа за и ниту еден против од вкупно 90 пратеници со право на глас, словенечкото Собрание го додаде новиот член 70А во Уставот на државата, во кој експлицитно стои формулацијата: „секој има право на питка вода“. Со ова во Словенија правото на питка вода стана едно основните човекови […]
јуни 7, 2019

Почнува меѓународната конференција „Fearless cities“ во Белград

Денес во Белград се оддржува меѓународната конференција „Бунтовни градови“ (Побуњени градови) посветена на политичките движења од Србија, регионот и Европа. Домаќин на конференцијата, на која учествуваат организации од над 60 градови, е иницијативата Не давимо Београд. Овие организации доаѓаат од посебни области на политичкиот отпор и претставуваат локални  иницијативи за […]
април 22, 2019

Град за сите: Модерна за деца – трет викенд

Заврши третиот и последен младински креативен викенд од проектот Град за сите: Модерна за деца 2. Како и претходните креативни викенди и овој започна со едукативна прошетка низ зграда која е репрезентативен пример на модерната во Скопје. Овојпат за едукативната тура беше одбрана зградата во која се сместени Архитектонскиот и […]
април 15, 2019

Град за сите: Модерна за деца – втор викенд

Деновиве тимот на Плоштад Слобода го реализира и вториот креативен викенд во рамките на проектот Град за сите: Модерна за деца 2. Овој викенд, како и претходниот, започна со посета и прошетка на две монументални згради од модерната во Скопје. Првата зграда која беше посетена е зградата на Македонската академија […]