„Прашањето каков град сакаме не може да се одвои од тоа какви социјални врски, врски со природата, животни стилови, технолошки и естетски вредности посакуваме. Правото на град е многу повеќе од индивидуалната слобода на пристап до урбани ресурси: тоа е право да се менуваме себе си, менувајќи го градот. Тоа е повеќе заедничко отколку индивидуално право бидејќи овој процес на трансформација неизбежно зависи од практикувањето на колективна моќ да се реобликува процесот на урбанизација. Слободата да ги правиме и преправаме градовите и себе си, би сакал да тврдам, е едно од најбесценетите, а најзапоставените човекови права.“