CommonS(ense) – Проекција на филмови

НОВИТЕ УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ
ноември 3, 2016
СТОП ЗА РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА!
декември 5, 2017

CommonS(ense) – Проекција на филмови

Утре започнуваме со Common S(ense)!

Проекции на трите кратки истражувачки стории за разни форми на заедничко добро со кое располагаме во нашата земја.

„Национален парк Шар Планина“ 08/11 19ч.
„Охрид 2020“ 08/11 19.30ч.
„Напред Вардар“ 09/11 19ч.

По секоја проекција ќе имаме можност за неформален разговор со пијачка и споделување на знаење/идеи со авторите/учесниците во филмот и сите други ентузијасти и пријатели на темата.

Автори на филмовите се Ljubisa Arsic и Јордан Дуков, во соработка со Kadar. Целиот проект беше поддржан од Fondacija Heinrich Böll – Sarajevo.

Со другарски поздрав за домаќините во Винил / Vinyl кои не’ вдомуваат овие две вечери!

 

Концептот за заеднички добра или commons се залага за тоа дека некои форми на добра и ресурси ни припаѓаат на сите на и тие мора да бидат активно штитени и управувани за добробитта на сите.

  • Национален парк Шар Планина
    Во Македонија постојат три национални паркови: Маврово, Галичица и Пелистер. Галичица е последниот национален парк, прогласен во 1958 година. Површината на Националниот Парк Шар Планина би била 50 000 хектари. Регулирањето на Шара како национален парк би го формализирало нејзиниот статус како заедничко добро. Тоа ќе иницира процес на освестување и разбирање на природниот ресурс, неговата важност, како и важноста на одржливото и хуманото управување со него. Истражувачката сторија „Национален Парк Шар Планина“ е дел од три такви стории концепирани од Плоштад Слобода, а продуцирани од страна на Кадар продукција. Проектот поставува прашања за состојбата со заедничките добра во Македонија.Тој укажува на горливи инфраструктурни и теми од областа на животната средина и просторното планирање кои македонското општество што поскоро треба да ги регулира.

  • Охрид 2020
    Во екот на борбата против Скопје 2014 повеќе експерти предупредуваа да го свртиме фокусот на Охрид, за да не ни се случи Охрид 2020. Денес сме соочени со девастација на културното наследство, и инфраструктурни планови за уште поголем атак на природните и култуни богатства на Охридскиот регион. Охрид е од големо значење за заедничкото добро со повеќе свои карактеристики: Охридското езеро, Студенчишко блато, Галичица, Плаошник… Овие добра ќе бидат очигледно многу лесно загубени доколку не се активно заштитувани и одржливо развивани. Истражувачката сторија „Охрид 2020“ е дел од три такви стории концепирани од Плоштад Слобода, а продуцирани од страна на Кадар продукција. Проектот поставува прашања за состојбата со заедничките добра во Македонија.Тој укажува на горливи инфраструктурни и теми од областа на животната средина и просторното планирање кои македонското општество што поскоро треба да ги регулира.

  • Напред Вардар
    Регулацијата на коритото на реката Вардар е од особено важење за жителите на Скопје и оние кои поминуваат време во овој град. Од една страна е заедничката придобивка – заштита при природни непогоди, зголемување на нивото на водите. Од друга страна, пак, регулацијата овозможи и урбанистичко уредување на просторот во социјален јавен простор, нешто што особено го промени социјалниот живот на граѓаните. Денес, целата приказна околу регулацијата во централното подрачје е заборавена и наместо тоа имаме секакви структури и објекти втемелени во реката кои ја загрозуваат безбедноста на цел овој потег! Ова е повик за итно ревидирање на овој зафат од „Скопје 2014“ и што побрзо враќање на теренот во првобитна состојба. Истражувачката сторија „Напред Вардар“ е дел од три такви стории концепирани од Плоштад Слобода, а продуцирани од страна на Кадар продукција. Проектот поставува прашања за состојбата со заедничките добра во Македонија.Тој укажува на горливи инфраструктурни и теми од областа на животната средина и просторното планирање кои македонското општество што поскоро треба да ги регулира.