Донатор

boell_stiftung_logo_en

Фондацијата Хајнрих Бол е посветена на унапредување на демократијата и човековите права, зголемување на еднаквоста помеѓу жените и мажите, обезбедување мир преку превенција на конфликти во кризни региони и слободата на индивидуите наспроти претераната државна и економска моќ.

Фондацијата одржува блиски односи со германската зелена партија и работи како тинк тенк за зелени визии и проекти. Во моментов, присутна е во околу 60 земји, со 30 свои канцеларии и работи во преку 100 партнерски проекти. Хајнрих Бол работи независно и одгледува дух на интелектуална отвореност.

Мисијата на фондацијата е заложбата на Хајнрих Бол за политички ангажирани граѓани и инспирирањето на останатите да се приклучат.

Хајнрих Бол е еден од најуспешните пост-воени автори во Германија и добитник на Нобеловата Награда за Литература во 1972. Регрутиран од Вермахтот во 1942, служел на дури четири фронта пред да биде повреден и заробен од сојузниците. По војната, имал плодна писателска кариера со многу освоени домашни и меѓународни награди. Со своите либерални погледи на религијата и државата во своите дела, Бол набрзо го привлекол гневот на црквата и конзервативците во Германија. Тој е еден од ретките автори кои не се плашел од соочување со колективната одговорност во војната, наспроти општиот молк и табуизација меѓу тогашните интелектуалци.

Како претседател на германскиот, а подоцна и меѓународниот, П.Е.Н. клуб често патувал, а неговата критика кон капитализмот му донела голема популарност во тогашна Источна Европа.