За проектот

ГРАД за Сите е проект на два фронта: 1. едукација на граѓаните за урбанистичката регулатива и читање на ДУП-ови 2. Теориска расправа за справувањето со Скопје 2014.

Во првиот дел, Плоштад Слобода изработи и испечати прирачник за читање ДУП-ови кој што го претстави пред активисти за урбани простори во Скопје, Штип и Охрид. На работилниците се покрија теориските аспекти на просторното планирање, хиерархијата на плановите, читање на параметри во визуелен и текстуален дел, како и практична работа со примери на урбанистички планови.

Прирачникот за читање на ДУП-ови можете да го најдете овде.

Во вториот дел, Плоштад Слобода имаше за цел да отвори широка расправа за постоењето и иднината на проектот Скопје 2014. Рушење, дислокација, пренамена и преместување на центарот на градот се само некои од опциите кои беа дискутирани на трибината “Што да се прави со СК2014?”. Оваа трибина е само почеток на општествените дискусии за справување со последиците врз главниот град. Потребата за нивното решавање се наметнува со сепоизвесната промена на власта