„Прашањето каков град сакаме не може да се
одвои од тоа какви социјални врски, врски со природата, животни стилови,
технолошки и естетски вредности посакуваме. Правото на град е многу повеќе од
индивидуалната слобода на пристап до урбани ресурси: тоа е право да се
менуваме себе си, менувајќи го градот. Тоа е повеќе заедничко отколку
индивидуално право бидејќи овој процес на трансформација неизбежно зависи од
практикувањето на колективна моќ да се реобликува процесот на урбанизација.
Слободата да ги правиме и преправаме градовите и себе си, би сакал да тврдам,
е едно од најбесценетите, а најзапоставените човекови права.“